За Екофилм

Создавањето на топлинскиот комфорт во Вашите индивидуални простории не е само креирање на топлина туку клучен дел во тоа има како таа топлина е распространета и дистрибуирана. Идеалниот топлински систем е оној кој што може да заземе што е можно поголема површина, овозможувајќи избалансирана дистрибуција на топлината на најниски степени на температура.

Ecofilm е систем од овај тип. Се состои од хомогенизиран графит, над полиестерен филм. Електричната енергија се дистрибуира до грејната фолија користејќи две бакарни ленти и тука се трансформира без губење на термичка енергија. Резултатот е избалансирано пренесена тооплина во просторијата на најниска можна температура (водејќи кон заштеда на електрична енергија). Грејната фолија креира уникатен ентериер и компатабилност за различни видови на под, вклучувајќи ги подови со ламинат, дрвен паркет, таркет, линолеум, тепих и секаков друг вид на “суви” подови.


Инсталација на грејната фолија е многу брза, лесна и ефикасна, нема никакво лепење и врзување. Дебелината на грејната фолија изнесува само 0,3 mm со тоа што не одзема никаков простор во собата. Може да се инсталира во секоја посакувана положба (вертикално, хоризонтално, накосена површина). Во споредба со традиционалните системи за греење графитната грејна фолија има значајни предности, не прави никаков шум, вибрации, мириси, прашинки , не согорува кислород. Поради користење на повеќе патентирани технологии во производниот процес за изработка на грејната фолија, таа има голема механичка издржливост, висока изолациска способност и отпорност на оган.


Грејната фолија е со ширина од 50 и 100 cm и дебелина од 0,3 mm поделена во секции, со тоа што овозможува затоплување на секаков облик на просторија. Грејната фолија има амбиентална одржливост поради тоа што позитивно дејствува на здравјето на луѓето, енергетски ефикасна ( во комбинација на термостат за 15-20 % помала потрошувачка на електрична енергија во однос на традиционалните грејни системи), нема магнетно зрачење и го јонизира воздухот.